Пакет мерки за производителите на јаболка


Во 2018 година Владата на Република Македонија реализираше цел пакет мерки за производителите на јаболка:

✅ Нова дополнителна субвенција од 3 денари/килограм предадено индустриско јаболко за странски пазари,
✅ Постојната субвенција за предадено јаболко во преработувачки капацитети се зголеми од 2 на 3 денари по килограм,
✅ Производителите со развоен потенцијал односно тие што имаат пријавено меѓу 1 и 5 хектари за 2018 добиваат 20% зголемени субвенции,
✅ Нова мерка за финансиска поддршка за промена на сортиментот на производството на јаболка,
✅ Нова мерка за финансиска поддршка за премин од производство на житни во овошни и други долгогодишни насади со дополнителна вредност,
✅ Започаа институционалните разговори со Египед и Јордан за извоз на јаболко на овие нови пазари и
✅ над 200 склучени договори преку ИПАРД во преспанскиот регион.

Во 2019 година креираме инвестициски мерки за поддршка за отварање на нови преработувачки капацитети во овој регион.

Reply · Report Post